Мажите кои некогаш во животот пушеле марихуана имаат „значително поголем број“ сперматозоиди од оние кои никогаш не пробале, покажа најновото истражување.
Научниците потврдија и дека нема значителна разлика во концентрацијата на спермата помеѓу поранешни и сегашни пушачи на марихуана.
Д-р Џорџ Чаваро вели дека пронајдокот е неичекуван и покажува колку малку знаеме за репродуктивното здравје и ефектите од марихуаната на него, како и ефектите на марихуаната на општото здравје“.
Но професорката по нутрицизам и епидемиологија на Харвард, Чан Шил, која исто така учествувала во студијата, вели дека резултатите треба да ги интерпретираме со внимание.
Фиби Насан, лидер на истражувањето, вели дека откритијата се спротивни на хипотезата на тимот.
Таа објаснува дека има две различни интерпретации – прво ниски нивоа на марихуана може да го подобрат квалитетот на спермата, но и дека мажите со повиоко ниво на тестостерон поверојатно е дека би се однесувале поризично, па би пушеле и марихуана.
Студијата е објавена во магазинот Human Reproduction.
Истражувачите очекувале дека пушењето марихуана ќе биде поврзано со полош квалитет на сперма, затоа што досегашните студии секогаш биле фокусирани на негативните ефекти на марихуаната на репродуктивното здравје.
Во нивното истражување биле проучувани 1.143 примероци од сперма, од 662 мажи помеѓу 2000 2017 година.
Мажите биле во просек на возраст од 36 години, белци и со завршен колеџ, а 55 отсто од учесниците рекле дека некогаш во животот пушеле марихуана.