„Тревата“ и алкохолните пијалоци се користат од луѓето со векови, па и милениуми, а научниците конечно ја разрешија старата дебата кој од марихуаната или алкохолот е полош за здравјето.
Жал ни е за корисниците на алкохол но излезе дека марихуаната не го оштетува мозокот толку колку што претходно се сметаше.
Истражувачите ги испитаа мозоците на повеќе од 1000 партиципиенти од различни возрасни со гледање на податоците од невролошкото снимање на МРИ скенери. Тие ги користеа податоците за да ги истражат посебно типовите на ткива кои го сочинуваат мозокот: сивата и белата материја. Сивата материја вклучува клетки кои меѓу другите нешта ја овозможуваат функционалноста, додека белата материја овозможува се да комуницира. Загувата и на едната и на другата би значело дека мозокот не функционира правилно.
Тимот откри дека марихуаната и канабиноидните продукти немаат долготрајни ефекти.
Алкохолот од друга страна беше значително поврзан со намалување на големината сивата маса и густината на белата маса, посебно кај возрасни лица кои конзумирале алкохол со децении. Истражувањата се објавени во журналот Зависност (Addiction).
Негативните влијанија од алкохолот врз мозокот се познати долги години и се претпоставуваше дека канабиноидите го оштетуваат долготрајно здравјето на мозокот исто така, поради нивниот моментален психоактивен ефект.
Сепак се уште немојте да трчате по набавка на марихуана. Научниците велат дека ова не значи дека марихуаната е подобра за вас или дека студијата докажува некаков бенефит од нејзиното конзумирање. Само значи дека штетното влијание од нејзиното пушење најверојатно е помало од тоа што претходно се сметаше.
„Конкретно со употребата на марихуаната, има уште толку многу што не знаеме за нејзиното влијание врз мозокот“, вели Рашел Тајлер, дипломант на клиничка психологија во Булдер и водечки автор на студијата. „Истражувањта се се уште многу ограничени во однос на тоа дали користењето на марихуаната е штетно или дали е корисно за мозокот.“