Мандарината е природен антисептик, помага при слабеење, при настинки и грип…

Еве неколку причини зошто треба да јадете мандарини
  1. Мандарините се природен антисептик

Во зачувување на здравјето може да ви помогне есенцијалното масло од мандарини, кое се смета за природен антисептик затоа што го штити организмот од некои бактерии. Маслото од мандарини ги ублажува болните грчеви во дишниот систем и го опушта нервниот систем. Затоа се препорачува да се користи ако сте под стрес.

  1. Помагаат при слабеењето

Мандарината се смета за нискокалорична и се препорачува редовно да ја консумираат оние што сакаат да ослабат. Го забрзува метаболизмот и помага за топење на масните перничиња во пределот на стомакот. Цитрусите имаат и низок гликемиски индекс, кој помага во рамнотежата на нивото на шеќери во крвта, па се препорачува и кај дијабетичари.

  1. Го забрзува варењето

При консумирање мандарини не треба да се заборави на белата влакнеста коричка која го обвиткува плодот од внатрешната страна. Јадете ја, особено ако внесувате многу јаглехидрати и масти. Тој дел е полн со диетални влакна и ќе го забрза варењето на храната .

  1. Го чува срцето

Мандарината е добар извор на калиум кој го снижува крвниот притисок, го враќа ритамот на срцето и го чува здравјето на кардиоваскуларниот систем. Хранливите материи во мандарините го спречуваат наталожувањето на лошиот холестерол на артериите, што може да доведе до срцев удар.

  1. Помагаат при настинки и грип

Мандарината како и другите цитрусни овошја е одличен извор на витамин Ц, кој е важен за имунитетот и за борбата против сезонските болести. Ги ублажува симптомите и го забрзува оздравувањето. Во сто грама од ова овошје има 30 милиграми витамин Ц, што задоволува една третина од дневните потреби.

варењемандаринаслабеењесрце