Малку чудни но истовремено и брилијантни трикови кои ќе ви помогнат

За волја на вистината, голем дел од продуктите и предметите кои ги користиме секој ден, имаат посебни моќи кои можат да ви помогнат во различни ситуации.

На пример веќе сте земале две таблети против главоболка, но таа не поминува. Можеби трикот со моливот ќе помогне? Еве куси медицински објаснувања за неколку бизарни – а истовремено и брилијатни – домашни т.н. лекови кои делуваат.

 

 

Маслинки против морска болест

Според истражувањето направено од медицински стручњаци во САД, голем број симптоми се појавуваат како резултат на морската болест (или уште наречена и болест на возење), меѓу кои и зголеменото излачување плунка, што е показател дека телото ги штити забите од зголемената доза киселина која се појавува пред да почне повраќањето. Земете неколку маслинки, кои содржат танини – матери кои кога ќе дојдат во устата, предизвикуваат намалување на плунката. Со тоа ги елиминирате симптомите и телото инстиктивно ги следи и реагира. Како и да е овој лек е делотворен само при почетни стадиуми на мачнини, кога прв пат ќе се појави зголемената количина на плунка.

Овесна каша против егзема

Ова е апсолутна вистина, бидејќи овесот има антиинфламаторни својства – тврдат стручњаците. Без разлика дали се користи како паста или пак смеса додадена во купка, голем број експерти препорачуваат да изберете фино сомелени овесни снегулки и да ја натопите критичната зона барем 15 минути. Освен тоа во прилог на намалување на воспалението оди и фактот што за овесот се смета дека има и антихистаминско дејство. Со намалување на нивото на хистаминот, кој предизвикува воспаление како реакција на имунолошкиот одговор на телото, јачменот овозможува намалување на појавата на црвенило.

 

 

Јогурт против лош здив

Лошиот здив се појавува од многу места, но најчесто од стомакот и устата. Неутрализирачкото дејство на јогуртот и другите пробиотици помагаат во лекувањето на овој проблем. Јогурот не може да има било каков ефект на бактериите кои живеат на јазикот бидејќи не се задржува доволно долго таму, тврдат специјалистите. Како и да е тој има неутрализирачко дејство на киселините кои се создаваат во пределот меѓу устата и стомакот, вклучувајќи ги задниот дел од грлото и езофагусот. Според некои лекари истото дејство би требало да го имаат и другите млечни производи кои содржат живи бактериски култури. И додека јогуртот може да помогне во отстранувањето на лошиот здив кој е резултат на гастролошка состојба, како појавата на киселин и сл., тој нема да помогне во отстранување на лош здив предизвикан од болести на непцата, црниот дроб или белите дробови.

Полна лажичка шеќер против икање

Во 1971 година, Едгар Енгелман, американски специјалист спроведе цела научна студија за да докаже дали навистина јадењето цела лажичка шеќер може да помогне во лекувањето икавица. Тој собра 20 пациенти кои страдаа од неочекувана икавица повеќе од шест часа, а осуммина од нив ја имаа повеќе од еден ден до шест недели. Секому му беше дадена по една полна лажичка шеќер да го голтнат сув и кај 19 од 20те пациенти, ефектот беше моментален. Андре Дубуа, специјалист гастроентерлог од Мериленд, забележа во едно свое дело дека „шеќерот најверојатно реагира во устата со модифицирање на нервните импулси кои праќаат сигнал до мускулите од дијафрагмата да се контрахираат спазмолитички„.

 

 

Загризете молив да излечите главоболка

Додека докторите не се сигурни зошто го правиме тоа, стискањето со забите е често нус појава на стрес. Според стручњаците, кога ги стискаме забите, ги напрегаме мускулите кои ја поврзуваат вилицата со черепот, што може да биде причина за главоболка. Ставањето молив меѓу забите, но не да го гризете јако, може да помогне во релаксирање на мускулите на вилицата, што ја намалува напнатоста и појавата на главоболка. Запомнете ова има влијание при стресни главоболки, од напнатост, не и на мигренозни или главоболки предизвикани од болни синуси.

Гаргара со солена вода при воспалено грло

Кога бевте дете и имавте воспалено грло, можеби се случило вашата мајка да ви подготви топла вода со сол, да правите гаргара….со што била на добар пат да ви помогне. Според експретите, воспаленото грло е инфламаторен одговор на инфицираните ткива, а солта помага да се извлече вишокот течност и привремено да се намалат отокот и болката. Најдобро е да направите растовр од 1 лажица сол и 250 мл вода, но секогаш е подобро да ставите и малку повеќе сол, отколку помалку. Запомнете смо дека ги третирате симптомите, но не и болеста. Ова помага во ослободување од болката, но е краткотрајно, бидејќи со правењето гаргара не правите ништо да ги отстраните вистинските причини кои го предизвикуваат воспалението на грлото.