Додека се “крчка” новиот закон за целосна либерализација на пушењето кој пред еден месец го најави премиерот Зоран Заев пулмоплозите апелираат да се размисли за здравјето на граѓаните. Од Македонското респираторно здружение предупредуваат дека од согорувањето на цигарите се ослободуваат 7000 токсични честички кои се причина за околу 20 хронични болести.
-Сакаме да апелираме до сите и до јавноста и до институциите на системот за да се размисли 2 пати околу сите постапки кои се превземаат околу регулирањето на пушењето и употребата на тутун во земјава. Затоа што тоа е многу тежок проблем кој е асоциран со мнјогу болести и на крај со многу финансиски импликации и импликации на квалитетот на живот на пациентите, изјави д-р Марија Здравеска, Клиника за пулмологија и Македонско респираторно здружение.
Неодамна Македонското респираторно здружение подржано од Здружението на пулмолози испрати отворено писмо до јавноста во кое бараат поригорозно спроведување, а не либерализација на законот за пушење. Ова следи по најавите дека се подготвува нов закон со кој пушењето ќе се дозволи секаде освен на места каде се служи храна, а угостителите сами ќе одлучуваат дали во објектот ќе се пуши или не. Доколку е дозволено палењето цигари во локалот треба да платат лиценца. До каде е законот кој премиерот го најави дека ќе по европски терк денеска од Владата не добивме став.