Иако само еден поглед кон тмурното време надвор не прави депресивни и ни ја зголемува желбата да останеме во креветот, се чини дека ваквото време има големи предности за продуктивноста.
Со други зборови, на лошото време би требало да му се заблагодарите за вашите успеси.
Имено, заедничкото истражување на универзитетите Харвард и Северна Каролина, открива дека лошото време ги прави луѓето попродуктивни отколку што тие се, иако досега мислењето не беше такво. Зошто е тоа така? Бидејќи едноставно кога времето е лошо немаме каде да одиме и надворешните активности не ни привлекуваат внимание.
Размислите малку за тоа: Кога времето надвор е лошо не ни се нудат многу избори, како кога надвор е убав и сончев ден. Во таквите услови, останувањето во затворениот простор е помалку депресивна опција од излегувањето од дома или канцеларија.
Исто така, на тој начин нема да имате чувство дека нешто ќе пропуштите надвор, па затоа ќе посегнете по работните обврски и задачи.