Луѓето повеќе време поминуваат во тоалет отколку во вежбање!

Резултатите од истражувањето UKActive, организација која ги поттикнува луѓето да бидат поактивни, откриле дека Британците поголем дел до времето минуваат во тоалет отколку да се занимаваат со некоја физичка активност.

Просечен Британец, физички е активен во просек час и половина неделно, што подразбира брзо одење или возење на велосипед.

Дури 64 отсто од Британците поминуваат шест часа дневно седејќи, а за физичка активност многумина од нив немаат време поради семејни или лични обврски.

Овие резултати не се однесуваат само за Велика Британија. Недостатокот на физичка активност е глобален проблем поради што константно се зголемува бројот на срцеви заболувања, мозочни удари депресии, но и одредени врсти на канцер.

Од оваа организација наведуваат дека луѓето ширум светот не се доволно едуцирани околу начините за вежбање, ниту пак количината на физичка активност која им е потребна за нормален живот.

Според ова истражување, само 1 од 10 испитаници е свесен за тоа дека 150 минути неделно вежбање е доволно за оптимална физичка кондиција.

активностивежбањепопуларнотоалет