Луѓето кои плачат се посилни од другите!

Вообичаена е заблудата дека луѓето кои често плачат се најтажни луѓе. Напротив, плачењето го подобрува расположението. Во едно истражување кое доктор Вилијам Фреј го спровел, 88.8% од испитаниците откриле дека расположението им се подобрува откако ќе се исплачат. Плачењето овозможува емотивно олеснување кои ни дозволува да ја ослободиме тагата. Сите имаме причини за плачење во одреден период од животот, а оние кои го дозволуваат тоа се во состојба да се ослободат од својата болка и да гледаат кон посветлата иднина.

емоциилуѓеплачењесолзи