Тргнале од Калифорнија, патувале илјадници километри и неколку недели се качувале по планината да стигнат на надморска височина од 5 180 метри – за да се венчаат.
35 годишниот Џејмс Сисом и 32 годишната Ешли Шмајдер знаеле дека класична венчавка не е за нив. Една година го планирале потфатот и се соочиле со сите опасности, студот, заморот, но успеале – се венчале на Монт Еверест.
– По долго размислување одлучивме дека традиционална венчавка не е за нас. Колку и да сакавме тој момент да го споделиме со семејството и пријателите, и двајцата не привлече оваа идеја. Ние ја сакаме природата, веќе имавме искачено 4 200 метри, но знаевме дeкa патот до базниот камп на Монт Еверест ќе биде многу потежок, и физички и психички, од се што претходно сме доживеале – вели Ешли.
Го убедиле фотографот Чарлтон Черчил кој тргнал со нив од Калифорнија и – успеале!
На 5 180 метри надморска височина, тие го рекле судбоносното ДА, а Черчил го овековечил моментот!