Многу ефикасен лек!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
30 г ловоров лист
250 мл маслиново масло
ПОСТАПКА:
Свежите ловорови листови изгмечете ги и прелијте ги со маслиново масло. Ако користите сув ловоров лист, одвечер сомелете ги листовите и прелијте ги со многу малку врела вода, колку да се направи кашеста смеса и оставете вака да киснат, па следниот ден прелијте ги со масло.
Смесата ставете ја во стаклена тегла, затворете добро и оставете да отстои на темно и ладно место две седмици.
Повремено протресувајте ја теглата. По 14 дена процедете ја содржината низ ситна или двојна газа и складирајте во друг сад.
Ловоровото масло чувајте го на ладно и темно место. Доколку е потребно, пред употреба загрејте го на тивко и втријте го на болните зглобови.
Освен за лекување на болни зглобови, ловоровото масло може да се користи и за воспалени лимфни чворови, мигрени и болки во увото. Ако имате силни главоболки, измасирајте ги слепоочниците со ова масло.
Ловоровото масло може да ја намали и телесната температура при настинки. Помага и при отстранување на болки во желудникот и цревата, ја нормализира функцијата на црниот дроб и буврезите и го подобрува апетитот. Се консумира по една лажица наутро.