Лошото спиење може да предизвика сериозни заболувања

Лошото спиење може да направи повеќе работи отколку што си замислуваме покажуваат новите студии според кои лошиот сон го зголемува ризикот од мозочен и срцев удар, а со тоа и да доведе до кардиоваскуларни болести.

Сонот е поврзан со бројни проблеми како што се: болка која се пренесува до други делови од телото, деменција, депресија, анксиозност и непријателство.

Лошото спиење треба да се земе како голем фактор ризик за кардиоваскуларни болести, заедно со пушењето, лошата исхрана и недостиг на вежбање.

Причината е следната: недостигот на спиење предизвикува нереално чувство на глад, на што се надоврзува дебелината и болести на срцето.

Хроничната ненаспаност предизвикува подигање на нивото на хормонот на стресот кој придонесува мозочен удар, висок крвен притисок и ризик од срцев удар.

Советите кои можат да ви помогнат се – добро да се наспиете. Ова се некои работи кои би можеле да ви помогнат во тоа: во кревет одете секоја ноќ во исто време,по можност околу 22 часот.

Со одење порано во кревет го ставате вашето тело во складност со сопствениот природен сон.

сонспиењесрцев ударстресхормон