Заборавете на астма и алергија
Морската сол има својства на антисептик и антихистамин, поради што благотворно делува кај кожните алергиски реакции. Светската педијатриска болница веќе долги години успешни ги користи купките со морска сол, за лекување и ублажување на алергиите. Чистиот морски воздух го олеснува дишењето и поволно делува на оние личности кои патат од астма.
Понизок крвен притисок
Повеќе медицински студии имаат покажано дека УВ-зраците го зголемуваат ослободувањето на соединението азот моноксид од кожата, што поттикнува отпуштање на крвните садови предизвикувајќи пад на крвниот притисок.
Со сончањето го снабдувате телото со витамин Д
Сончањето не само што ви носи убав тен, туку и ве снабдува со витамин Д кој му е толку потребен на вашиот организам. За да добиете витамин Д не мора да бидете изложени на сонце кога е најмногу жешко. Имено, можете да ги искористите претпладневните или вечерните часови. Обрнете внимание на тоа дека кремовите за сончање ја спречуваат способноста на кожата да го создава витаминот Д.
Одморот покрај море го намалува стресот
Летувањето на море ви дава можност да заборавите на секојдневните проблеми и целосно да се опуштите. Магнезиумот кој го содржи морската вода, докажано е дека делува во борбата против стресот.
Подобар сон
Само заради тоа што не поминувате време пред компјутер или телевизор ќе почувствувате позитивно промена во вашето спиење. На тоа секако влијаат самиот одмор покрај море, промената на климата и психичкиот одмор.
Полесно дишење
Еден од главните причини зошто одморот на море е од голема важност за здравјето е што морскиот воздух е полн со јони кои ја стимулираат апсорпцијата на кислородот, ги олеснуваат симптомите на астмата и го регулираат нивото на хормоните.
Морето е идеално за спортски активности
Пливање, нуркање, сурфање, морски аеробик, одбојка на плажа… Летувањето на море е идеално за спортски активности кои се добри за обликување на телото, но и заборавање на секојдневните проблеми.
Морската вода го поттикнува чистењето на организмот
Бањањето во морска вода ги поттикнува функциите на органите кои ги отстрануваат штетните супстанции од организмот, како што се бубрезите, црниот дроб и кожата. Наталожените штетни материи почнуваат да се креваат кон површината, а солта го олеснува процесот на излачување.