Ако често ве мачат болки во телото, пробајте го овој чај бидејќи содржи низа лековити состојки кои со својата синергија прават делотворно средство за лекување на многу болки.
Аналгетски чај- рецепт
Потребни состојки:
2 чаши вода
2 лажички црн чај
2 лажички кардамом, мелен
2,5 см рендан ѓумбир
2 лажички куркума во прав
½ чаша бадемово млеко
1 лажичка мед
Подготовка:
1.Во водата згответе го ѓумбирот, циметот и кардамомот, 10 минути.
2.Додадете го црниот чај и оставете да се вари уште 2 минути.
3.Добро процедете во чаша со бадемово млеко и засладете со мед.
Кардамом- Овој зачин помага во елиминација на отпадните материи од бубрезите, го ублажува лошиот здив и штити од одредени видови рак. Исто така, го намалува крвниот притисок, спречува создавање на тромбови, помага при депресија и ги намалува симптомите од грип и настинка. Одличен е за дигестивни проблеми, подуеност, ждригавица, опстипација…
Ѓумбир– помага во намалувањето на воспаленијата и корисен е при разни болки и менструални грчеви. Неговото делување е толку силно што се претпоставува дека еден ден би можел да ги замени противвоспалителните лекови кои се користат при артритис. Исто така ја намалува подуеноста и ги превенира желудечните чиреви.
Мед– ги намалува воспаленијата на зглобовите и ги ублажива болките во телото. Овој природен засладувач ги убива и најотпорните бактерии, а исто така може да се користи и како превенција од сезонски алергии.
Цимет (цејлонски)- содржи антиоксиданси и поседува антивоспалителни својства. Се користи при лекување на артритис и болки во грбот, а неодамнешните студии го потврдуваат и неговото аналгетско делување. Го намалува ризикот од срцеви заболувања и докажано помага при дијабетес тип 2.
Бадемово млеко– бадемите содржат салицин, соединение слично на аспиринот. Со редовна консумација се намалуваат различните видови болки во телото, во зглобовите, главата, мускулите… Бадемовото млеко помага во одржување на здравјето на срцето и одржување на посакуваната телесна тежина.