Лекарски кадар од Детска клиника бега во други болници!

Лекари од скопски клиники заминуваат во други државни болници или пак во приватниот сектор. Според информации на samozdravje.mk, деновиве искусна лекарка од Клиниката за детски болести најавила дека ќе оди во друга детска установа. И други педијатри од оваа клиникиа планирале да направат трансфер во други болници. Засега нема потврди ниту пак демант од Детска клиника. Засега нејасно е кој ќе ги пополни испразнетите места и како ќе функционира установата која секогаш е полна со болни дечиња. Друг проблем за кој алармираат пациенти е немањето на доволно термини на одделот за Имунологија. Директорката кети Ставриќ повеќе не е во амбуланта на овој оддел а уште една од лекарките која е и професор на медицински, повеќе време поминува со студенти отколку со пациенти.

детскакадарклиникалекариодливпопуларно