Лекарка од Нефрологија пронајдена мртва со убодни рани

Жена на 53-годишна возраст е пронајдена мртва со убодни рани од нож во пределот на вратот и рацете во нејзиниот дом на улицата „Елисие Поповски“.  

Станува збор за М.С.Ј, родена 1964 година, која работела како  лекарка на Клиниката на нефрологија и вонреден професор на Медицински факултет. Нејзините колеги од клиниката, утрово со шок и неверување ја примиле веста за смртта на лекарката. Велат била љубезна и немала закани од пациенти.

Полицијата потврди дека случајот кај нив бил пријавен синоќа околу 21 часот по што веднаш е излезено на лице место. Од страна на екипа на Итната медицинска помош е констатирана смрт. За случајот е известен и јавен обвинител, а телото на починатата е предадено на обдукција.

лекарканожпопуларноубиство