Лекарите не му го спасиле животот поради пораката на неговата тетоважа!

Седумдесетгодишен маж бил донесен во итната помош пијан и без свест, а бидејќи болницата не можела да ги пронајде неговите најблиски роднини затоа што немал документ за идентификација, поради тетоважата која ја имал на градите не знаеле што да направат со него.

Лекарите во болницата во Мајами останале во етичка дилема откако ја виделе тетоважата на мажот на која пишувало „do not resuscitate“ (не ме оживувајте), со неговите иницијали под неа. Кога започнал да слабее пулсот на мажот, лекарите одлучиле да го третираат како тетоважата да не е изјава на неговата желба, но истовремено побарале етички консултации.

Откако завршила консултацијата, донесена е одлука сепак да ја почитуваат неговата тетоважа и пациентот таа ноќ починал, пишува „New England Journal of Medicine“.

– Флорида има строги правила по тоа прашање, рекол Гизмодо.

И додека тетоважата со пораката да не го оживуваат може да изгледа екстремна, има и многу слични вакви барања. Околу 80 отсто од американските пациенти сакаат да избегнат хоспитализирање и интензивна нега при терминална фаза на болеста.

лекарипопуларнопоракатетоважаургентен