Проектот е резултат на соработката помеѓу Здружението на канадски франкофонски лекари (МФДЦ) и Монтреалскиот музеј за убави уметности (МБАМ).
Тој е замислен така со цел на пациентите кои страдаат од различни физички и ментални болести, како и на членовите на нивните семејства, да им овозможи да ги искористат благодатите што уметноста ги има врз здравјето на поединецот за време на бесплатните посети на музеите.
Во првата фаза од проектот лекарите ќе пропишат 50 рецепти за посета на изложби во МБАМ. Секој рецепт важи за две возрасни и две малолетни лица.