Лекари од Скопје одат во велешка болница, во Прилеп фалат 30 специјалисти – Недостиг од доктори во цела држава!

Во прилепската болница постои опасност од затворање на болнички оддели поради недостиг на лекари. Нема гинеколози, рендгенолози и интернисти, или, според проценките на директорот им фалат околу 30 специјалисти. Вели дека кадарот со кој располагаат е исцрпен, бидејќи има доктори кои работат прва смена во Прилеп а потоа дежураат во  Битола.

Состојбата не е алармантна само во прилепскиот регион. Речиси во сите градови има недостиг од лекари. Во Велес и Кавадарци одат гинеколози и хирурзи од Скопје. За две години ќе нема кој да ги лекува и децата, бидејќи поради пензионирање ќе останат само 13 матични педијатри. Министерството за здравство направило мапа на кадарот со кој располагаат здравствените установи и според проекцијата, во наредните години во внатрешноста треба да бидат вработени 380 лекари. Најзагрозен е тетовскиот регион каде се потребни Околу 60 доктори, 40 во Битола и Штип и 25 во Струмица.  Според специјалност, најмногу фалат анестезиолози, невролози, интернисти и хирурзи кои допрва треба да специјализираат за да ги пополнат испразнетите места. Од ЗПЛРМ велат дека без Закон за доктори нема да има и кадар во болниците.

-Не може без утврдена плата, коефициент и влез да бараш лекари и да ги мотивираш младите да останат тука и да работат во здравствениот систем, вели Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ

Здравствените власти планираат во наредните години посебно со кадар да ги зајакнат клиничките болници во Битла, Тетово и Штип.

Доктори не фалат само во внатрешноста. Поради пензионирање или заминување во странство, недостиг од специјалисти има и во градската болница 8-ми септември како и на клиниките. Според направената мапа во Министерството за здравство, во скопските здсравствени установи има потреба од вработување на 150 лекари.

болницазатворањекадарлекаримзспецијалист