Лек за холестерол, циркулација, Паркинсонова болест и Алцхајмер

Рецепт: Вино од капини

Виното од капини уште одамна е добро познато како многу корисен и ефикасен лек за лекување на анемија. Исто така, се користи кај исцрпеност, потхранетост, за регулирање на столицата, за крвен притисок и циркулација.

Го подобрува апетитот, придонесува за подобро лачење на жолчен сок и урина, а постојат докази и дека добро делува и врз поедини кожни болести, како што се разни лишаи и осипи.

Ова вино го намалува зголемениот холестерол, спречува создавање на тромбови, појава на срцеви болести, но и невролошки пореметувања како што се Паркинсонова болест и Алцхајмер.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 кг капини
1,5 кг шеќер

Исчистени и измиени капини се редат во поголема шерпа и се гмечат со раце. Потоа се додава шеќерот. Одберете поголем сад кој нема да биде преполнет до врв. Оставете барем околу три прста зошто наскоро ќе започне вриењето.

Садот прекријте го со газа и ставете го на некое ладно и темно место. Оставете го да отстои една седмица.

Потоа ќе се појави комина на површината која треба да се отстрани со лажица, а виното да се процеди низ газа.

Повторно се остава уште една седмица по што се процедува од талогот и се складира во стаклени шишиња.

Шишињата се затвораат со газа (се подврзуваат) а не со чеп, зошто може да пукне. Се чува на ладно место и после еден месец можете да ги затворите шишињата.

Употреба: Се пие наутро на гладно или навечер пред спиење. За лекување доволна е доза од 50-100 мл (половина чаша) во време траење од околу 2-3 месеци.

винокапинилекхолестерол