Сите го чуваме лебот во кутија за леб, но тоа е голема грешка, според последите истражувања.
Имено, препорака на научниците и нутриционистите е да се става лебот во фрижидер, поради тоа што така нема да се појави мувла на него и подолго ќе трае.
Ако сакате да го одмрзнете ставете го во микро.
Белиот леб е дел од секоја трпеза, покажуваат бројните истражувања, а сепак многумина советуваат што побрзо да престанете да го конзумирате бидејќи не припаѓа во здравите намирници.
Меѓутоа, еден трик го прави многу здрава храна која нема да ви наштети, а верувале или не тоа е замрзнувањето, што повторно укажува на она што го зборувавме погоре.
Според едно истражување на научниците од универзитетот во Оксфорд покажа дека белиот леб е на листата на забренети јадења, поради високиот гликемиски индекс, односно поради високиот број кој го покажува интензитетот на лачење инсулин после внесување на некоја намирница. Меѓутоа доколку го замрзнете пред да го јадете ќе го намалите нивото на гликоза на половина, па наместо шеќер, лебот вашите мускули ќе ги нахрани со јаглени хидрати кои се многу потребни.
Инаку, овој трик може да го употребувате на било кој леб, одговара и на домашниот и на купениот леб.