Лани во Македонија на 198 лица им бил откриен рак на кожата!

Лани во Македонија на 198 лица им бил откриен рак на кожата. Лекарите предупредуваат дека бројот на заболени од меланом е во пораст и тешко се дијагностицира.
-Според „МојТемин“ во 2016 година имало 198 нови случаи од кои 46 биле со т.н. транзит метастази, а 32 биле во напреден стадиум, изјави д-р Милан Ристески, директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија.
Инаку меланомот е еден од најопасните видови рак. Прекумерното сончање кое предизвикува изгореници е најчестиот ризик фактор.
-Апелираме еднаш годишно да се прегледа населението за евентуална појава за сомнителна бемка, дамка на кожата. Централен настан на кампањата се бесплатните прегледи по дерматолошките институции низ Македонија. Прекумерното изложување на ултравиолетови зраци со појава на изгореници во детството и адолесцентниот период е ризичен и најважен период од животот на една индивидуа, рече д-р Зорица Зафировиќ, од Клиниката за козни болести и координатор на Еуромеланома Македонија и додаде дека треба да се внимава и со одењето на солариум.

бемкимеланомрак на кожасончањеув зраци