Бактеријата е изолирана за се види дали и се спротиставуваат други микроби од носот. Се покажало дека тоа успешно го прави Staphylococcus lugdunensis. Ист ефект покажала оваа бактерија кога се во прашање и други тешки бактерии кои предизвикуваат менингитис, уринарни инфекции и др. Затоа ова откритие научниците го нарекуваат почеток на нов антибиотик- лагдунин.
Ова е голема вест во светот поради две причини- се поголема е отпорноста на бактериите на антибиотици поради нивната претерана употреба и свртувањето на научниците кон човековото тело како извор на потенцијални лекови, антибиотици.
Но до производство и примена на новиот атибиотик сигурно ќе поминат десетина години. Патот од откритието до производството се проценува дека ќе чини околу две милијарди долари.