Здравствен работник заболел од морбили. Минатата недела мали сипаници биле регистрирани кај лаборантка од Институтот за јавно здравје. Според информации на Сител, најверојатно се заразила додека правела крвни анализи. Поминала со полесни сипмтоми бидејќи имала примено една доза од вакцината МРП. Како што дознаваме контрола имало на сите контакти со медицинското лице како и на вработените во ИЈЗ.
-Имаме и наша вработена, лаборантка, таа е во добра здравствена состојба и е дома на боледување, вели Шабан Мемети, директор на ИЈЗ
Меѓу трите новооткриени случаи е прилепчанец кој во Скопје бил на привремена работа, како и жител на Сопиште. Нема информација дали и колку биле хоспитализирани, бидејќи од Инфективна ниту директорката ниту инфектолозите немаат време за информации за медиуми. Од појавата на првите заболени кон крајот на семптември, кога беше прогласена и епидемија во Гази Баба, досега има 17 заболени а заразата е потврдена во неколку скопски општини. Епидемиолозите стравуваат од појава на нови случаи а ги плаши и состојбата на Косово каде има над 130 заразени, триесетина хоспитализирани и еден смртен случај.
-Ова е регионален проблем, не е само кај нас во Македонија, треба да с ечуваме..морбил иима во Косово, Романија, вели Мемети
За неполн месец во пунктовите за имунизација 8000 деца од кои 5000 се првоодделенци биле вакцинирани со МРП.