Оваа благотворна купка е како создадена за дамите кои целиот ден го поминуваат на нозе. Солта ја омекнува тврдата кожа, лимонот ја прочистува додека рузмаринот делува аромотерапевтски.
Што ви е потребно:
Неколку гранчиња рузмарин
2 лимони, ситно исечкани на крукчиња
½ филџан сол
Рузмаринот додадете го во зовриена вода и оставате го да врие неколку минути. Во меѓувреме, во леген со млака вода истурете ја солта и почекајте да се растопи, па потоа додадете го лимонот и водата со рузмаринот. Држете ги стопалата 15 минути и уживајте во опуштањето на сетилата.