Концерт во живо е спас од стресот

Британско истражување покажало дека слушањето на концерт во живо може значително да го намали стресот.

Во истражувањето учствуваа 117 возрасни испитаници кои присуствувале на концертот на американскиот композитор Ерик Витакер.

Со цел да се утврди како слушањето на класична музика во живо влијае на нивото на хормоните кои се поврзуваат со стресот и со активирањето на имунолошкиот систем, научниците земале примероци од плунката на испитаниците непосредно пред почетокот на концеротот и 60 минути потоа.

Се покажало дека по само едночасовно слушање музика во живо дошло до намалување на нивото на глукокортикоид, и значително намалување на нивото на кортизол и кортизон, како и на односот меѓу нив, што значи дека навистина дошло до намалување на биолошкиот стрес.

Исто така, се забележани и промени во нивото на прогестерон, хормон кој исто така учествува во реакција на стрес.

живоконцертпопуларнострес