Компанија во Јапонија им дава подолг годишен одмор на непушачите

Со тоа, компанијата, како што се објаснува, сака да го изедначи работното време на пушачите и непушачите, бидејќи пушачите поминуваат многу време во текот на работниот ден пушејќи.

Со оглед на тоа што пушењето е забрането во сите компании, вработените мораат да одат на „пушачка пауза“, што им дава подолги паузи од непушачите.

Затоа јапонската компанија „Piala Inc“ одлучи да го продолжи одморот и на непушачите, откако еден непушач се пожали дека „паузите за пушење“ негативно влијаат на продуктивноста и не се фер кон другите вработени.

„Промената во политиката за одмор, според која непушачите ќе добијат шест дена повеќе одмор, треба да ги поттикне нашите вработени да се откажат од цигарите“, изјави Хиротака Мацушима, портпарол на компанијата.