Научниците од техничкиот универзитет во Квинсленд открија дека бактериите во човечката кашлица и кивавицата остануваат во воздухот до 45 минути, соопшти „Сајанс алерт“, цитиран од агенциите.
Екипата разви нова технологија за да истражува како најчестите бактериски заболувања можат да се размножат и да останат во животната средина по кашлање или кивање. Тие открија дека овие бактерии се намалуваат за половина во текот на првите 10 минути и остануваат во воздухот за околу 45 минути.
„Нашите истражувања открија дека овие патогени изминуваат до 4 метри и остануваат „живи“ за 45 минути потоа. Сакавме да откриеме како капките со бактерии, одделени кога киваме или кашламе, изминуваат слични растојанија и ја задржуваат способноста да инфицираат други луѓе, по толку долго време“, рече еден од авторите Лидија Моравска.
Бактеријата „P. aeruginosa“ е често присутен, мултирезистентен микроб кој предизвикува инфекции, како пневмонија и сепса. Тоа обично влијае на луѓето кои веќе имаат болест, особено луѓе со респираторни проблеми.
Истражувањето има важна примена за контролирањето на инфекциите во болниците. Тоа е уште едно сведоштво дека е добро да го почитуваме предупредувањето да ставаме рака на уста кога кивам или кашлам, а потоа треба да ги миеме рацете.