Колку треба да спиете според возраста?

Сите знаеме дека спиењето е важно, но оваа навика може лошо да влијае врз здравјето.

Што ќе се случи ако спиете премногу?

Прекумерното спиење може да предизвика многу здравствени проблеми.

Дијабетес: можеби е апсурдно да се мисли на дирекна врска меѓу спиењето и дијабетесот, но според студија спроведена на речиси 9000 луѓе од САД се дошло до заклучок дека луѓето што спијат повеќе од 9 часа дневно имаат 50 % ризик да станат жртви на дијабетес во споредба со оние што спијат по 7 часа. Врската останува непроменета за оние што спијат помалку (од 6 часа). Психолошка врска не може да се пронајде, но тоа индицира дека некои основни здравствени проблеми може да го зголемат ризикот од дијабетес.

Прекумерна телесна тежина: ова важи и без мислењето дека да се биде во иста позиција неколку часа доведува до зголемување на телесната тежина. Едно истражување покажало дека луѓето што спијат повеќе од 9 до 10 часа дневно имаат за 21 % поголем ризик да ја зголемат телесната тежина во период од 6 години од оние што имаат нормален сон.

Главоболки: ако спиете повеќе од вообичаено може да добиете главоболки. Многу истражувачи откриле дека прекумерното спиење има неповолен ефект на одредени неуротрансмитери во мозокот што го вклучува серотонинот кој, како резултат на тоа, може да доведе до акутна главоболка.

Депресија: депресијата исто така се поврзува со прекумерното спиење, при што во спроведените истражувања се покажало дека 15 % од луѓето со депресија спијат премногу, со што ја влошуваат состојбата на депресија.

Болки во грбот: спротивно на популарните верувања, прекумерниот одмор може да предизвика болест. Затоа, обидете се да избегнувате да одите во вашиот кревет секогаш кога чувствувате умор со што би си ја влошиле и онака влошената здравствена состојба. Ако патите од болки во грбот, обидете се со вежбање.

Болести на срцето: прекумерното спиење може да ве фрли во стапица на коронарна срцева болест. Според заклучоците од една студија која вклучила 72000 жени, оние што спиеле од девет до единаесет часа навечер имале за 38 % поголем ризик за срцева болест од жените што следеле нормална рутина.

Како да се изборите со прекумерното спиење?

Следете распоред: следењето на дефинитивен распоред секогаш помага да се држите под контрола. Направете распоред кога да одите во кревет и да станете, и одбегнувајте да бидете несовесни за рутините. Полека и чекор по чекор и телото ќе ви се навикне.

Исполнете ги вишокот на часови мудро: можеби мислите дека да се биде изморен поради напорно вежбање помага да се заспие подобро. Обратно е, вежбањето помага да се стимулира крвта во телото што може да води до несоница. Одбегнете да вежбате три часа пред да одите во кревет.

Освежете се со туширање: туширањето веднаш после будење го подобрува расположението. Ќе се чувствувате помалку уморни само по добро топло туширање.

болестивозрастспиење