Минералната вода често се користи како поздрава алтернатива на газираните пијалоци, но тоа може да му наштети на здравјето предупредуваат од британско здружение за солта и здравјето. Анализирале десетина различни типови на познати води во Европа и заклучиле дека во просек содржат од две до 11 пати повисоки количини на сол од водата од чешма.
Прекумерното пиење на таква вода може да предизвика проблеми со бубрезите, висок крвен притисок и зголемување на ризикот од мозочен и срцев удар, пренесува Daily Mail.
– Ако пиете повеќе од еден литар минерална вода дневно, можете сериозно да го загрозите здравјето, а само повременото пиење не е толку голем проблем, предупредуваат од здружението. Но потенцираат дека луѓето со висок крвен притисок обично треба да избегнуваат газирана минерална вода.