98 проценти од луѓето конзумираат кофеин секој ден. Ова го покажало истражување направено во Северна Америка. Овој природен стимуланс се појавува во разни облици и величини, вклучувајќи кафе, чај, газирани пијалаци, чоколадо и енергетски напитоци.
Експертите тврдат дека умерена доза е околу 200 мг или две шолји силно кафе. Луѓето кои редовно пијат кафе во таа количина може да сметаат на ефекти како зголемена будност, лек против главоболка, а се покажало дека дури може да помогне и за спречување на Алцхајмерова болест. Сепак, доколку конзумирате над 500 мг секој ден, тоа може да доведе до зависност чувство на тегоба и раздразливост.