Препорачаната дневна доза од 13 лажички шеќер која во 1990 година ја препорача Светската здравствена организација е премногу голема за здравјето и треба да се преполови , предупредуваат научници од Универзитетот во Њукасл Велика Британија. Со тоа ќе се сочува здравјето на забите кои се веќе оштетени бидејќи луѓето јадат повеќе слатки.
Лицата кои добивале помалку од пет отсто од енергијата од обработен шеќер и повеќе се потпирале на природниот мед имале помал ризик од кариес. Затоа не се препорачува повеќе од седум лажички шеќер дневно за жени и осум лажички за мажи, посочуваат научниците кои анализирале 55 истражувања за ефектот на шеќерот на забите.
– Десертите кои порано беа само за роденден или Божиќ сега се на менито секој ден. Сепак , луѓето се уште очекуваат нивните заби да траат до старост што е малку веројатно со оглед дека шеќерот предизвикува нивно расипување.
Лименки газиран сок содржат, во просек, 5,5-8,75 лажички шеќер што е половина од актуелната препорачана дневна доза.