Домашните тестови за бременост во денешно време се со 99% точност. Сепак, ако тестот за бременост е направен премногу рано, може да добиете лажен негативен резултат.
Лажен позитивен резултат е возможен, но исклучително редок. Ако добиете позитивен тест на бременост, тогаш веројатно навистина сте бремени. Обично лажен позитивен резултат може да се случи само во случај кога жената прима некои специфични лекарства. На пример, ако сте примиле инjекција „прегнил“ за прскање на фоликулите, не треба да се тестирате пред да поминат 14 дена, поради тоа што самата инјекција го содржи овој хормон. Доколку се тестирате пред истекот на 14 дена, тестот ќе го детектира присуството на hCG од инјекцијата и може да даде лажен позитивен резултат.
Предноста на тестирањето преку крвта се состои во следното:
Дава порано резултати во споредба со домашните тестови преку урина. Точни резултати можат да се добијат 7-12 дена по зачнувањето.
Концентрацијата на hCG се мери квaнтитативно. Тоа може да му даде на лекарот корисни информации доколку се работи за следење на евентуални проблеми во текот на бременоста.
Негативна страна на лабораториските тестотви за бременост:
Поскапи се во споредба со домашните тестови преку урина.
Мора да се направат во лабораторија.
За резултатите треба да се почека подолго, во споредба со домашните тестови, кај кои резултатите се добиваат за неколку минути.