Науката тврди дека само седум ореви дневно можат значително да ги намалат знаците на стареење, да заштитат од срцеви заболувања и одредени врсти на рак.
Набргу откако била откриена оптималната дневна доза на ова овошје која може да го спречи развојот на срцеви заболувања, оревите беа прогласени за „суперхрана“.
Ако зборуваме за здрави продукти за срцето, тие се наоѓаат на самиот врв на на листата на најздрави намирници кои би требало да ги внесуваме.
Плодот на оревот содржи високо ниво на масло, високо – квалитетни протени и јагленхидрати. Исто така, богат е и со калиум, магнезиум, фосфор, железо и витамини Б и Ц.
„Оревите се меѓу најздравите продукти, пред сите други врсти на храна. Нашето истражување покажа дека здравата исхрана би требало да вклучува значително поголема количина на ореви“, вели доктор Џо Винсон.
Најдобар начин е директно да го јадеме плодот од оревот, бидејќи со печење се намалува неговата ефикасност, истакнуваат научниците.
Колинефил-линоленска киселина во оревите игра важна улога во одржување на здраво срце, го намалува ризикот од срцев удар и го нормализира крвниот притисок.
Во истражувањето објавено во магазинот American Journal of Clinical Nutrition се пренесува дека консумирањето на ореви го намалува LDL холестеролот, додека редовното консумирање може да ги намали шансите за развој на дијабетес тип 2.