Колку ореви, а колку други јаткасти плодови треба да јадеме дневно?

Јаткастите плодови се важен дел од исхраната, се разбира, заедно со свежиот зеленчук и овошјето. Затоа нутриционистите советуваат да не заборавате да ги јадете редовно – секако, освен ако не сте алергични на нив. Дури и ако сте си поставиле цел да се ослободите од вишокот килограми, не треба целосно да се откажувате од нив.

Содржат големо количество витамини, минерали и здрави масти. Помагаат во зајакнувањето на имунитетот, го подобруваат здравјето на косата, ноктите и кожата, па дури и го зголемуваат нивото на хемоглобин. Но, покрај цела низа корисни својства, тие се исто така многу калорични, па затоа мора да бидете внимателни.

Нутриционистите ве советуваат да јадете една дланка јаткасти плодови дневно. Ова отприлика е околу 30 грама. Здружението за исхрана на Австралија дури советува да ја следите количината на секој вид јатки што ги јадете.

Еве колку јаткасти плодови на ден се доволни за максимална корист:

– 30 бадеми

– 10 бразилски ореви

– 15 индиски ореви

– 20 лешници

– 15 макадамски ореви

– 15 ореви

– 30 ф’стаци

– 10 цели ореви

– малку кикиритки или мешавина од јаткасти плодови.