Музиката во операционите сали ја намалува нервозата кај пациенти кои се подготвуваат за операција, тврдат хирурзи од болницата „Џон Редклиф” во британскиот град Оксфорд.
Музиката дури може да помогне и во заздравување по оперативниот зафат, при што најделотворни се популарните хитови.
Сличен ефект е постигнат и кај пациенти оперирани со локална анестезија.
Слушањето музика за време на операцијата го намалило нивото на нервоза за една третина, кај пациентите кои биле оперирани во сала со музика.
Експертите истакнаа дека ова е многу важен момент, со оглед на фактот дека зголемениот стрес има негативно влијание на исходот од операцијата и процесот на заздравување на раната.