Колку години од животот скратува пушењето?

Австралиски истражувачи откриле дека пушењето е повеќе смртоносн0 отколку што покажале претходните истражувања.

Според резултатите, пушењето е опасно и е причина за смртта на повеќе од 60 отсто од пушачите. Го скратува животот на просечниот пушач за 10 години.

Претходните истражувања покажаа дека пушењето е поврзано со смртта на 50 отсто од пушачите.

Во истражувањето биле проучени медицински досиеја на 200.000 Австралијци во текот на четири години. Дури и кај умерените пушачи, цигарите го загрозуваат нивното здравје.

Истражувањето покажа дека не постои безбедно ниво на пушење и ризикот од смрт бил двојно зголемен и кај оние кои пушеле во просек по 10 цигари дневно.

Како што луѓето повеќе пушат, толку повеќе го зголемуваат ризикот по здравјето, порачуваат австралиските истражувачи.

болестиистражувањеникотинпушењесмртцигари