Една третина од луѓето по одење во тоалет не ги мијат рацете со сапун туку само ги плакнат со вода. Ова го покажало истражувањето на Универзитетот во Мичиген спроведено на 3749 луѓе. Речиси 10 проценти од нив не ги мијат рацете по одење во тоалет, а само секој 20 -ти ги мие рацете доволно долго за да ги убие бактериите. Луѓето во просек, рацете ги мијат само шест секунди.
Мажите во тој поглед се поневнимателни од жените. Тие помалку одржуваат хигиена па речиси 15 отсто од нив не ги мијат рацете по одење во тоалет а и сапун користат половина од нив во споредба со 78 проценти од жените. Сепак и двата пола најчесто рацете ги мијат наутро.
– Лошите хигиенски навики влијаат на здравјето. Во случај да работите со храна, недоволно измиените раце може да предизвикаат проблеми со варењето на храната и други проблеми, предупредуваат истражувачите. Според нив рацете треба да се мијат од 15 до 20 секунди со сапун да се убијат бактериите кои предизвикуваат разни инфекции. Бактериите се виновни за речиси 50 отсто од дигестивните проблеми.