Вкупниот број на деца во градинките и во центрите за ран детски развој во Македонија заклучно со 30 септември минатата година изнесува 34.386 што претставува зголемување за 5,3 проценти во однос на 2015 година, објави Државниот завод за статистика.
Со годишните извештаи во 2016 се опфатени 96 установи за згрижување и воспитување деца, што е за 17,1 процент повеќе во однос на 2015 година.
Овие установи обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата, во согласност со нивните развојни потреби, на возраст до шест години, во повеќе групи ( во развоен период до 2 години, од 2 години до поаѓање во училиште, комбинирани групи, групи за деца со пречки во развојот, групи на деца – центар за ран детски развој во состав на детска градинка и групи за во институционална форма на активност).