Ако по пливање во базен, река, езеро или море, чувствувате непријатност во увото и благо оштетен слух, треба што е можно поскоро да се побара медицинска помош, бидејќи можно е да имате инфекција. По првичните благи симптоми се случува и болка која е многу интензивна, трае цел ден и го зголемува притисокот во предниот дел на ‘рскавицата на увото. Инфекцијата брзо се шири, и по само 24 часа настанува силна болка која го зафаќа долниот дел на вилицата и го спречува отворањето на устата и јадењето, пишува Novosti.
Инфекцијата на надворешното уво не поминува лесно. Напротив, доаѓа до отекување на лимфните јазли позади ушната школка а можна е и зголемена температура. Во текот на летото, најчесто доаѓа до инфекција на надворешниот ушен канал поради влажниот воздух и високите надворешни температури. Тоа обично се случува по пливање во слатки води како што се реките и езерата, а поретко по пливање во морска вода. Обично се јавуваат како инфекција на фоликулите на влакната во надворешниот ушен канал, кој потоа се проширува на целиот канал.
– Луѓето кои имаат чувствителна кожа и се склони кон алергиски дерматитис или егзема имаат поголем ризик од развој на инфекција на надворешното уво. Постојат гумени и силиконски чепчиња за заштита на увото а според експертите не е лошо и носење на капа за пливање. Воспаление на надворешното уво се третира од пет до седум дена препорачуваат лекарите и ги советуваат лицата кои имаат инфекција на уво да не пливаат до потполно оздравување.