Колку часа од животот ги поминуваме бакнувајќи се?

Во животот дури 336 часа ги поминуваме бакнувајќи се, но мажите и жените бакнежите не ги доживуваат исто!
Ги даваме секој ден и секаде… Било да се тие од почит кога ќе се состанеме, мајчински, романтични или пак пријателски. И не зависат од годините, тие се вечни.

Иако сите знаеме да бакнуваме, за бакнежите всушност малку знаеме. Истражувањата направени на оваа тема се ретки и неодамна ги дадоа и одговорите на прашањето – што се случува во нашето тело додека се бакнуваме?

– Дури и нежен допир на усните испраќа низа информации на мозокот кои ни зборуваат што ќе направат следно. Усните се полни со чувствителни нервни завршетоци и тие ни пружаат разни информации за другото лице – вели Шерил Киршенбаум од Универзитетот Тексас, Остин.

Жените и мажите поинаку ги доживуваат бакнежите. Жените се концентрираат на детали, со бакнежот се обидуваат да добијат информации за врската – се обидуваат да испитаат какви се чувствата на партнерот, дали врската е стабилна и каде оди. А мажите… е тоа е друга приказна…

– Мажите почесто велат дека сакаат да се бакнуваат со отворена уста, со јазик. Жените пак се жалат на премногу лиги, но се покажало дека во машката лига има малку тестостерони, а жените се чувствителни на хормонот тестостерон. Ако мажот ја бакнува жената подолго време и така во устата и внесува малку тестостерон во организмот, ја прави прилагодлива за полов однос подоцна и тоа оди во нивна корист – вели Шерил Киршенбаум.

бакнежживотљубовпартнерусничасови