Експерти од универзитетот во Калифорнија ја објавија дозволената дневна доза шеќери, а таа е многу помалку од она што ние го консумираме. За представничките на понежниот пол оваа доза изнесува само 25 грама, или само 100 калории дневно.
За мажите 38 грама или 150 калории. Тие истовремено откриле дека шеќерот е многу поштетен отколку се сметаше до сега. Тие дури ја споредуваат штетата предизвикана од шеќерот со онаа на алкохолот и цигарите. Консумацијата на шеќери над дозволената дневна доза предизвикува појава на многу болести меѓу кои болести на срцето и крвните садови, зголемена телесна тежина, диабет, висок крвен притисок, па дури и рак.
Специјалистите советуваат да обрнете повеќе внимание на овој факт, особено со консумацијата на газирани пијалоци, разни десерти, сокови со додаден шеќер и сите оние производи со голема концентрација на јаглехидрати.