Истражувањето на австралиски научници покажува дека во светот има една милијарда луѓе кои пушат, што претставува повеќе од 20 отсто возрасните лица.
Покрај тоа, околу 240 милиони луѓе, односно околу пет отсто од возрасното население во светот, страдаат од алкохолизам, објавуваат истражувачите од Универзитетот во Аделаида.
Според истражувањето, глобалното негативно влијание на цигарите и алкохолот врз здравјето значително ги надминува последиците од конзумирањето на недозволени дроги.
Експертите истакнуваат дека најмногу алкохол по глава на жител се конзумира во источноевропските и северноевропските земји, а најмалку во средниот, јужниот и западниот дел на Азија.
Најмногу пушачи има во источниот дел на Европа и Океанија, каде пушат околу 30 отсто од возрасното население.