Се повеќе припаднички на понежниот пол во последно време имаат проблеми во креветот. Повеќето од нив ги вознемирува неможноста да постигнат оргазам, некои од нив за време на сексот чувствуваат болка, а тука се и оние кои по серијата лоши искуства, стекнале аверзија кон секс, пренесува Telegraf.
Овие поразителни резултати ги презентирала клиниката за Урологија во Њу Џерси. Проблемите во сексот стануваат почести и потешки со возраста, освен во случај на неспособност да се постигне оргазам, каде стареењето нема влијание.
– Сексуалната дисфункција значително го намалува квалитетот на животот. Жената е тогаш физички и психички помалку задоволна и паѓа самодовербата, а исто така го нарушува квалитетот на своите врски. Затоа, препорачуваме веднаш штом се појават првите симптоми да се посети гинеколог, вели Фромер која го спровела истражувањето.