Зеленчукот и овошјето се добри за нашето здравје, но некои варијанти се подобри од другите. Така, еден вид може да содржи повеќе витамини, нутриенти или шеќер од друг вид.
Кога на темава се зборува за црвената наспроти белата зелка, анализите покажуваат интересни резултати. Во што е разликата?
Црвената зелка содржи повеќе витамин А, железо и флавоноиди од белата.
Зелката од било кој вид е одличен извор на фитохемикалии за кои се верува дека спречуваат развој на канцери“, вели нутриционистката Фиона Хантер. Таа вели дека и двата зеленчука се одличен извор и на витамин Б, кој е чувар на енергијата. Сепак, црвената зелка има некои неверојатни состојки. На пример, содржи 10 пати повеќе витамин А, кој е многу важен за здравјето на очите.
Исто така, содржи и два пати повеќе железо, а поради својата „црвена“ боја – и 36 антиоксиданси кои се докажани заштитници од настанување на рак, како и докажани чувари на меморијата.
Сепак, која зелка и да ја одберете, нема да згрешите. Но, имајте во предвид дека со варење на зелката таа губи дел од своите хранливи својства.