Британското друштво за јавно здравје и Движењето за здравјето на млади, изминативе месеци работеле на истражување во кое учествувале над 1 500 млади лица на возраст од 14 до 24 години. Од нив се барало да го споредат влијанието на друштвените мрежи над чувствата на поединците како осаменост, депресија, но и страв дека нешто ќе пропуштат, пишува Индепендент.
Од истражувањето заклучиле дека најнегативно влијание над поединците има Инстаграм кој според одговорите на испитаниците влијае на тоа како гледаме на своето тело, може да предизвика пореметување на сонот, а кај одредени корисници предизвикува страв дека нешто ќе пропуштат додека на се на него. Како негови позитивни страни пак се издвоиле градење на мрежа на пријатели и можност за самоистражување.
Снепчет во истражувањето бил идентификуван како втора најмалку позитивна платформа која особено лошо минала во прашањата за тоа дали корисините се плашат дека нешто ќе пропуштат на неа. Фејсбук пак се нашол некаде на средината и добро прошол во сегментот за емоционална поддршка и градењето на заедницата.