Која храна ве прави депресивни?

Купечки сок и газирани пијалаци

Влакната на овошјето овозможуваат ситост и го успоруваат трошењето на енергија. Купечките сокови не содржат влакна, што значи дека пиеме вода со шеќер. Шеќерот од купечките сокови нагло го зголемува нивото на енергија, но исто така многу брзо го намалува. Тоа може да резултира со анксиозност и депресија. Газираните пијалаци имаат исто дејство како и овошните сокови, па треба да ги отфрлите од исхраната што побрзо.

Тостови и други производи од бело брашно

Доколку тостот е направен од бел леб, одбегнувајте го. Наместо тоа одберете интегрални житарки, а истото важи и за останатите видови на пецива.

Диетални производи

Овие видови на производи обично содржат помалку масти и вештачки шеќери, а истражувањата покажаа дека вештачките засладувачи, како аспартам, го поттикнува развојот на анксиозност и депресија. Пред да купувате диетални производи прочитајте го нивниот состав.

Кечап

Кечапот содржи многу шеќери, поточно четири грама по лажица. Во замена на тоа додајте малку црвена мелена пиперка во сос од домати.

Кафе

Кофеинот може да Ве направи нервозен и да го поремети Вашиот сон, кој исто така може да допринесе за развој на депресија и анксиозност. Кафето исто така може да предизвика брзо чукање на срцето.Обидете се во потполност да го одбегнувате овој пијалак или заменете го со чај.

Преработена храна

Доколку премногу јадете преработено месо, преработени житарки, слатки и млечни производи со многу масти, веројатно ќе почувствувате сипмтоми на депресија и анксиозност. Исхраната која е богата со влакна може да ги ублажи тие симптоми, па конзумирајте свежо овошје и зеленчук, риби и бело месо.

депресијакечаппопуларнохрана