Која храна може да ја јадете и кога сте на диета?

Компир

Пржени компирчиња во многу зејтин се погубни за вашата линија и диета, но тоа не значи дека треба да го избегнувате компирот. Тој е одличен извор на витамин В и Б6, а во неговата кора се наоѓаат голем број влакна. Наместо со путер, сирење и сланина, конзумирајте го компирот печен во фурна.

Путер

Заситените масни киселини го зголемуваат нивото на лош холестерол во крвта, па го зголемуваат и ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Путерот ги содржи тие непожелни масни киселини, но до 5 пати помалку за разлика од маргаринот. Избегнувајте ја секојдневната конзумација на утер, но понекогаш може да си дозволите мало количество од неговиот вкус.

Топло чоколадо

Какаото е преполно со здрави нутриенти како полифенол кој го зајакнува имунитетот и штити од сезонки грип. Наместо инстант мешавина која вклучува многу хемиски додатоци и шеќери, пробајте ја здравата алтернатива. Во најладните деови дозволете си уживање со шолја какао со млеко и малку мед.

Пица

Повременото уживање во вкусот на пицата нема да и штети на вашата диета, а ќе ви донесе огромно задоволство. За вашата линија најдобро е да изберете пица со тенко тесто, многу зеленчук и помалку кашкавал. Секако, дозволено е само едно парче, а не цела пица.

Нерафиниран шеќер

Повеќето луѓе го поврзуваат шеќерот со многу калории и со производи како колачи и бомбони, а забораваат дека тој се наоѓа во скоро секоја храна – од лимон до чоколадо. Многу забораваат и дека телото го претвара шеќерот во гликоза, што е важен извор за енергија за целото тело. Наместо рафиниран шеќер, уживајте во природните извори на шеќер како на пример мед и овошје.

Пуканки

Пакување несолени пуканки печени во микробранова печка содржи околу 30 калории, а задоволството е огромно. Пуканките ги бие лош глас поради нивната индустриска верзија која содржи многу сол и масти. Затоа, спремајте ги сами и уживајте без грижа на совеста.

диетакомпирпицапопуларно