Која храна го подобрува расположението?
Најголем број од истражувањата покажале дека човекот може да го подобри своето расположение само со менувањето на начинот на исхраната.
Ова се најздравите, а воедно и „најсреќните“ плодови.
5. Спанаќ – Лиснат зеленчук кој е богат со фолна киселина, која е природен извор на витамин Б кој помага за лачењето на серотонин, кој е всушност невротрансмитер поврзан со чувството на среќа и задоволство.
4. Бразилски ореви – Одличен извор на селен, кој не само што го одржува добро расположението, туку и помага за превенција од болести на срцето и некои облици на рак. Селенот е силен антиоксиданс, а покрај него оревите се богати со цинк, магнезиум и значајни количини на фосфор и железо.
3. Пилешко месо – Содржи огромна количина на есенцијални аминокиселини кои му помагаат на мозокот да создава допамин, кој е одговорен за активирање на задоволствата во мозокот. Тој позитивно влијае и на мотивацијата, така што се смета дека е исто толку ефикасен и за лечење од депресија.
2. Риба – Скушата, туна и лососот се богати со омега-3 масни киселини кои исто така се корисни и поттикнуваат позитивно расположение. Истражувањата покажеле дека овие масни киселини помагаат против депресија, тага, несоница, песимизам, недостаток на мотивација, исто како и антидепресивите.
1. Чоколадо – Содржи единствена масна киселина канабоид, која се наоѓа и во марихуаната. Канабоидот е одговорен за делот од мозокот задолжен за меморијата и движењето, поточно поттикнува релаксирано расположение. Покрај тоа, чоколадото содржи и природен стимуланс кој на мозокот му помага полесно да се заљуби.