Едно истражување покажа дека медитеранската храна богата со состојки како што се црвеното грозје, јаболките и портокалите ги ублажуваат алергиските симптоми како затнат нос и болно грло. Се препорачува и топол чај. Експертите велат дека билните чаеви се најдобар избор и важно е да се пијат потопли за олеснето искалување.
Од друга страна храна која треба да ја избегнуваат алергичните е целерот. Печењето во устата и грлото може да се должи и на алергии предизвикани од некој вид на овошје или зеленчук. Симптомите можат да се јават по јадење на целер, домати, праски, дињи или киви. Не се препорачува и зачинета храна. Затнат нос, солзи во очите или често кивање по зачинета храна и подуеност во стомакот? Бидете сигурни дека тоа е алергиска реакција на зачини. Инаку, тоа се должи на состојката капсацин која ја има во силните зачини. Единствен совет е избегнување на таква храна.