Која годишна возраст е идеална за да добиете дете?

Ризикот од неплодност се зголемува кај лица постари од 35 години и продолжува да расте со секоја следна година. Жена од 30 години има 20 проценти шанси да зачне секој месец, а жена од 40 години има само 5 проценти шанси. Жените постари од 35 години имаат и поголеми шанси да добијат спонатан абортус.

Иако мажите го тврдат спротивното, сепак годините влијаат и врз нивната плодност, иако не толку драстично како кај жените. Здравјето на спермата кај мажите постари од 35 години е загрозено, па нивните деца имаат поголеми шанси да заболат од шизофренија или да развијат аутизам.

До 32 години имате 90% шанси да добиете едно дете.

До 27 години имате најголеми шанси да добиете две деца.

До 23 години имате најмногу шанси да добиете три деца.

Како овие шанси може да се зголемат со лекарски третмани?

До 35 години да имате 90% шанси да имате едно дете.

До 31 година ако сакате две деца.

До 28 години ако сакате три деца.

Секако, дури и ако сте млади, не ви е загарантирано дека можете да добиете дете. Младите мажи и жени исто така можат да бидат неплодни. Една студија открила дека за секоја дополнителна година старост на таткото, доаѓа до 11% намалување на шансите да ја оплодат жената и дури 12% зголемување на плодот да не преживее.

абортусдетеженимажиплодност